Рафаел Надал со малку повеќе маки од очекуваното, се пласираше во полуфиналето на Мастерс турнирот во Монте Карло, победувајќи го Аргентинецот Гвидо Пелја со 7:6(1)/6:3 за да остане на добар пат да ја освои својата титула број 12 во малото кнежевство.
Надал е рекордер со 11 титули освоени во Барселона, Монте Карло и Ролан Гарос, бидејќи ниту еден тенисер нема стигнато до толку трофеи на еден турнир. „Кралот на земја“ се враќа полека во форма, иако Пелја му направи многу проблеми, посебно во првиот сет, кој мораше да го добие во тај-брејк по час и 22 минути игра!. Во вториот сет, Надал влезе во ритам, направи два брејка и поведе со 5:1, пред упорниот Аргентинец се врати до 5:3, пред да го загуби мечот.
Simply incredible! ?@RafaelNadal this is insane….#RolexMCMasters pic.twitter.com/JeaLbOQafS
— Tennis TV (@TennisTV) April 19, 2019
Следен за Надал во полуфиналето ќе биде подобриот од дуелот на Хрватот Борна Чориќ и италијанскиот ветеран Фабио Фоњини. Во другото полуфинале ќе играат Душан Лајовиќ и Данил Медведев, кој претходно го елиминираше светскиот број 1, Новак Ѓоковиќ.