Светскиот рекет број 1, Рафаел Надал, признава дека следната тениска генерација наскоро ќе ја „собори“ големата тројка во која покрај него се и Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер, но вели дека тие имаат доволно искуство да се обидат да го „одложат“ тоа.
Надал во егзибициски дуел го победи најмладиот топк 10 играч, 21-годишниот Стефанос Циципас во саботата за да ја освои титулата од Мубадала шампионатот, и признава дека е тешко да се „носиш“ со младите.
„Тоа е нормална човечка еволуција. Јас имам 33 и пол, Роџер има 38, а Новак 32 и пол. Тоа е природно. Новата генерација ќе дојде, и таа е добра и реална. Но, не знам кога ќе се случи тоа. Ние не можеме веќе да играме 20 недели во годината, но уште сме тука и се бориме за големите турнири. Мотивацијата? Не е тешко да работиш нешто што го сакаш, за што си работел цел живот. Сакам да останам што е можно подолго во оваа ситуација“, вели Надал.