Рафаел Надал објави дека ќе мора да паузира шест недели. Шпанецот, кој доживеа пораз во финалето на Мастерсот во Индијан Велс, соопшти дека му пукнало реброто. Надал, во текот на финалето, против Тејлор Фриц, два пати добиваше медицинска помош.
Паузата ќе трае од четири до шест недели. Извесно е дека Бадал ќе го пропушти Мастерсот во Монте Карло и турнирот во Барселона, а прашање е колку ќе биде подготвен за Мастерс турнирите во Мадрид и Рим.
Неговиот омиелн гренд слем, Ролан Гарос се игра во мај.
Надал од почетокот на сезоната има 20 победи и само еден пораз.