Top Sport

Надал не игра на американските Мастерс турнири

Рафаел Надал потврди дека ќе ги пропушти турнирите во Индијан Велс и Мајами овој месец, и дека планира да биде подготвен за кам-бек на неговата омилена подлога – земјата во Европа.

Шпанецот се откажа од настапот од Мексиканскиот опен во Акапулко откако ја врати повредата на колкот, а светскиот број 2 сега ќе ги пропушти двата Мастерс 1000 турнири, Индијан Велс  и Мајами, откако лани двапати загуби од Роџер Федерер на тие турнири.

„За жал, повредата која ја добив во Акапулко пред стартот на турнирот е на исто место како повредата во Мелбурн и затоа нема да можам да играм во Мајами и во Индијан Велс, бидејќи ми е потребно време за опоравување. Ќе направам сè што е можно да се вратам во 2019 година“, напиша Надал на Фејсбук.

Мастерсот во Монте Карло почнува на 15 април, по што следуваат турнирите во Барселона (23 април), Мадрид (6 мај) и Рим (13) пред Франција опен на 27 мај, каде што Надал ќе оди на 11-та титула.

Фото: ЕПА

Scroll to Top