Top Sport

Надал: Не ми се допаѓа денешниот тенис

Дел од интервјуто кое Рафаел Надал го даде за „Ел Паис“ се појави на социјалните мрежи и веднаш предизвика голем интерес во јавноста.

Целото интервју ќе биде објавено во недела, но дотогаш ќе има доволно дискусија врз основа на само неколку реченици.

Интересен е коментарот на Надал за модерниот тенис.

„Играта еволуираше во тенис кој се сведува на тоа кој посилно погодува или погодува без размислување. Не бара подготовка за да се најде ударот што ќе донесе поен. Повеќето тенисери играат слично”, изјави Надал и заклучи:

„Не ми се допаѓа тоа. Ми се допаѓа тактиката“.

Ќе видиме каков тенис ќе игра Надал кога конечно ќе се врати на теренот по пауза од една година.

Неговата прва станица ќе биде во Бризбејн. Турнирот е на програмата од 31 декември до 7 јануари.

Scroll to Top