Top Sport

Надал: Нормално е што губам, не беше нормално кога постојано победував!

Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал вели дека не е загрижен поради неговите лоши резултати оваа сезона на земјена подлога.

„Во тенисот се е во победите и поразите. Со години имав многу победи на земја, но годинава тоа не е така. Бев близу, но не успеав да освојам трофеи. Во текот на кариерата победите ги прифаќав нормално, така ќе биде и со поразите“ вели Надал.

Тој смета дека не треба да биде големо изненадување ако не се пласира во финале на турнир на кој во минатото бил успешен.

„Понормално е ова што се случува сега, отколку она што се случуваше изминатите 14 години. Мислам дека тенисот одеше пред мене, времето одеше пред мене. Ќе се обидам да освојам турнири кои не сум успеал да ги освојам овие години. Морам да останам физички подготвен и да продолжам да играм на високо ниво“ – вели шпанскиот тенисер.

Тој освојуваше најмалку по еден турнир на земјена подлога во последните 15 сезони и е најуспешниот тенисер на таа подлога.

Најави дека ќе учествува на престојниот турнир во Рим каде ја брани титулата, а во јуни ќе се обиде да ја освои рекордната 12-та титула на Ролан Гарос.

Scroll to Top