Top Sport

Надал: Новак е во најдобра позиција, тој нема физички проблеми

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал смета дека Новак Ѓоковиќ е во најдобра позиција во борбата за рекордот по бројот на грен слем титули. По освојувањето на првите два гренслема сезонава за првпат во кариерата, Надал се истакна во трката „Г.О.А.Т“ со 22 големи трофеи, а Ѓоковиќ и Роџер Федерер имаат по 20.

Надал на патот до 22. Грен слем, 14. Ролан Гарос, го победи и бранителот на трофејот во Париз, Ѓоковиќ.

„Се може да се случи. Јасно е дека Новак е во најдобра позиција да го собори тој рекорд, бидејќи нема физички проблеми и игра на спектакуларно ниво. Федерер е долго време надвор од теренот. Секогаш може да се очекува нешто посебно од него, но сите знаеме колку е тешко да се вратиш, уште потешко е кога имаш 40 години, но ќе видиме што ќе се случи. Како што секогаш сум велел, не ми пречеше кога бевме изедначени, ниту ми пречи сега кога имам два трофеи повеќе од нив. Само сакам да продолжам да се натпреварувам“, изјави Надал во интервју за АТП.

Scroll to Top