Рафаел Надал им одговараше на своите фанови на Фејсбук во живо, а едно од најинтересните прашања секако е кој му е омилен противник.
„Мој омилен противник е оној кој ќе го победам. Уживам во предизвиците кои носат борба со Ѓоковиќ и Федерер. Секој противник пред мене поставува поинаква задача, така да мораш да се прилагодиш за да имаш шанси за победа. Всушност, немам омилен ривал, едноставно уживам постојано да се борам со некој од нив“ вели Надал.
„Кралот на земјена подлога“откри дека нема идол, а главен виновник за неговата љубов кон тенисот е чичко му Тони.
„Мојот чичко ми беше тренер и ми ја пренесе страста кон спортот. Со тенис се занимавам од моја трета година. Не можам да кажам дека некој посебно ме инспирирал“ – вели Надал.
На прашање кои 3 моменти од кариерата би ги издвоил како најважни, шпанскиот тенисер беше ставен на „голема мака“.
„Ако морам баш три да одберам, тоа би биле Ролан Гарос 2005, Вимблдон 2008, САД опен 2013. Сепак, би ги додал и Австралија опен 2009, но и Дејвис куп 2004-та“ – вели Шпанецот.