Top Sport

Тројца фудбалери на Реал Бетис се позитивни на КОВИД-19!

Тројца членови на првиот тим на Реал Бетис имале позитивни тестови на корона вирус, јавува шпанското радио „Кадена Сер“, со што досега шест фудбалери од Ла лига имаат позитивен тест на КОВИД-19, додека лигата се подготвува за враќање на 20 јуни.

Сите шпански клубови, по препорака на владата ги тестираат своите фудбалери за да можат да се вратат на индивидуални тренинзи.

Досега, позитивни беа дефанзивецот на Атлетико Мадрид, Ренан Лоди, голманот на Атлетик Билбао, Алекс Ремиро и Јангел Ерера од Гранада, додека во Реал Мадрид и Барселона потврдија дека немаат позитивни случаи.

Ла лига има план за комплетирање на сезоната во петнеделен период од 20 јуни, бидејќи би се играле мечеви во среда, четврток и во текот на викендите. Сите клубови во Ла лига имаат уште 11 натпревари до крајот на сезоната, која се очекува да биде комплетирана до 26 јули.

Scroll to Top