Рафаел Надал наводно ќе се ожени оваа година со својата долгогодишна девојка Марија Франциска Перелјо во Шпанија, но во интервју со италијанскиот весник „Газета дело спорт“ иако не ги открива деталите, вели дека ништо нема да се смени.
„Сите си го ракуваат приватниот живот со различни емоции, бидејќи се работи за нешто што е многу интимно. Но, за мене, животот нема да се смени многу“, открива кусо Шпанецот.
Тој признава дека 11-те титули на Ролан Гарос се неговото најголемо остварување во тенисот.
„Секако, Париз. Тоа е многу тешко да се оствари, но го направив. Но, јас сум само обичен човек кој решил да игра тенис, така што сигурно некој ќе го повтори иако ќе биде многу тешко. Ако некој млад човек ме праша дали да почне со тенисот, ќе му кажам дека е многу тешко. Но, ако го следат својот сон ќе успеат. Треба да прифатат дека ќе страдаат, дека ќе жртвуваат многу и дека тоа не е лесно“, додава Надал.