Светскиот број 1, Рафаел Надал ја понуди сопствената тениска академија за сместување на луѓето погодени од поплавите на островот на Мајорка, кои досега земаа пет жртви.
„Рафаел Надал академијата“ понуди сместување на 50-тина луѓе досега и самиот Надал преку Твитер ги повика тие кои имаат мака да се обратат кај неговите луѓе.
„Тажно време во Мајорка. Моето искрено сочувство за роднините на починатите и повредените по сериозните поплави во Сан Љоренц. Како и вчера, продолжуваме да помагаме каде што можеме со сместување“, вели Надал.
Día triste en Mallorca. Mi más sincera condolencia a los familiares de los fallecidos y heridos por las graves inundaciones en San Llorenç. Tal y como hicimos ayer volvemos a ofrecer hoy las instalaciones de @rnadalacademy para todos los afectados que necesiten alojamiento
— Rafa Nadal (@RafaelNadal) October 10, 2018