Top Sport

Надал: Поради тенисот пропуштив многу од училиштето

Рафаел Надал признава дека е горд што бил добар тенисер и како дете, но додава дека поради обврските било многу тешко да се биде добар и во училиштето.

32-годишниот Шпанец стана професионален тенисер во 2001 година кога имаше само 15 години.

„Имав среќа што почнав со тенисот како многу млад, на само три години. Ги поминав сите задолжителни класови од училиштето во Шпанија. Потоа се обидов да добијам образование, но беше многу тешко. Веќе бев во топ 100 и патував секоја недела на друг крај на светот. Беше речиси невозможно и имав среќа што во мојот роден град Манакор имав многу учители кои ми помогнаа, барем во првите три месеци од училиштето“, вели Надал.

Токму поради своето искуство, Шпанецот вели дека тие кои работат на неговата тениска академија на Мајорка имаат посебен „третман“.

„Во мојата академија има вклучено и училиште, така што сите ја завршуваат својата работа без проблеми и без пречки од тенисот. Децата мораат да работат многу напорно како и секогаш, но имаме флексибилност кога треба да се играат турнири“, додава Шпанецот.

Scroll to Top