Рафаел Надал втора година едноподруго ја освојува наградата Штефан Едберг за најфер тенисер, која ја доделуваат другите тенисери од АТП турнејата, додека Енди Мареј е добитник за наградата за најдобар камбек во 2019.
Мареј, трикратниот гренд слем шампион, најави дека ќе се повлече оваа сезона поради проблемите со колкот, но наместо тоа беше на втора операција и се врати на турнејата, освојувајќи една титула во сингл и една во двојки.
Покрај тие двајца, полуфиналистот од САД опен, Италијанецот Матео Беретини беше избран за тенисер со најдобро подобрување по скокот на 8. место на АТП листата, 18-годишниот Јаник Синер е најдобар „новак“ на турнејата, а Жил Сервара е најдобар тренер откако помогна Данил Медведев да стигн до девет финалиња. Кевин Андерсон ја доби наградата за хуманитарец на годината.