Top Sport

Надал позитивен на коронавирусот

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал, на социјалните мрежи, објави дека е позитивен на коронавирусот.

Надал. минатата недела играше на ревијалниот турнир во Абу Даби. По враќањето во Шпанија се тестирал и открил дека е заразен со коронавирусот. Претходно, се тестирал во петокот во Кувајт и во саботата во Абу Даби и добил негативни тестови.

Надал на „Твитер“ напиша дека се чувствувал добро, дека е во изолација и дека им се јавил на сите со кои претходно бил во контакт.

Scroll to Top