Top Sport

Проблем во Лацио – Сари го исфрлил СМС од тимот

Маурицио Сари го исфрлил од тимот најдобриот играч, Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Медиумите во Италија тврдат дека Лацио ќе се обиде да го продаде српскиот играч во зимскиот преоден рок.

„Тутомеркато“, пишува дека односот помеѓу тренерот Сари и заменик капитенот Сергеј исклучително лош. Сари сметал дека фудбалерот е премногу арогантен. Дури му се пожалил и на претседателот Клаудио Лотито.

Поради тоа, тренерот решил, Сергеј, да не биде во протоколот за натпреварот со Венеција, кој се игра во среда.

Новинарот, Марко Контеиро, тврди дека Сергеј сигурно ќе замине од рим во летниот преоден рок, но не ја исклучува можноста, доколку Лацио добие добра понуда, тој да биде продаден и во зимскиот преоден рок.

Сергеј, од почетокот на сезоната, настапил на 23 натпревари, има учинок од пет гола и исто толку асистенции.

Scroll to Top