Рафаел Надал, преку Карен Хачанов, избори пласман во осмина-финалето на Австралија опен. Шпанецот за два часа и 54 минути, забележа победа од 3:1 (6/3, 6/2, 3/67, 6/1).
Надал ги доби првите два сета, Хачанов успеа да остане во мечот кога го освои третиот сет, но неговата игра целосно се распадна во четвртиот сет.
На крајот Надал имаше три винери повеќе (39/36), 12 грешки помалку (30/42). Шпанецот подобри ги искористи брејк шансите, пет пати му го одзеде сервисот на противникот, додека Хачанов имаше пет шанси за брејк, искористи само една.
Надал во осмина-финалето ќе игра против Аслан Карацев или Адријан Манарино.