Top Sport

Надал против Ѓоковиќ на „Сантијаго Бернабеу“

Култниот стадион на Реал Мадрид „Сантијаго Бернабеу“, во блиска иднина би требало да биде домаќин на тениски спектакал. Првиот човек на Реал, Флорентино Перез, има намера да организира меч на Рафа Надал против Новак Ѓоковиќ или Роџер Федерер.

„Сантијаго Бернабеу“ се наоѓа во фаза на реновирање, за кое клубот ќе издвои 500.000.000 евра. Капацитетот на стадионот ќе биде зголемен на 81.000 седишта.

Претседателот на клубот, сакал да овој начин да му се оддолжи на Надал, кој е деклариран навивач на „кралскиот клуб“. Информациите за тенискиот спектакл ги објавија шпанските медиуми, повикувајќи се на извори од клубот.

Во историјата на тенисот, најгледан меч е егзибицијата која Надал и Федерер ја одиграа во Јужна Америка пред 50.000 луѓе.

Scroll to Top