Рафаел Надал, 20-кратниот гренд слем шампион, кој нема играно од поразот во полуфиналето на Ролан Гарос, вели дека планот е да се врати во акција во декември во Абу Даби, како главна подготовка за Австралија опен во јануари.
„Планот е да се игра во Абу Даби во декември и потоа на еден турнир во Австралија пред Мелбурн. Тоа останува целта, и работам на тоа да ја остварам“, вели Надал.
35-годишниот Шпанецот го освои Австралија опен во 2009, но оттогаш четири пати загуби во финалето.