Шпанскиот тенисер Рафаел Надал нема да игра на Австралија опен.
„Бикот од Мајорка“ по една година пауза се врати на турнирот во Бризбејн, ги победи Доминик Тием и Џејсон Кублер, но загуби од Џордан Томпсон.
Во тој четвртфинален меч се здоби со повреда во пределот на колкот. Поради оваа повреда тој ја пропушти целата сезона.
„Здраво на сите, за време на мојот последен натпревар во Бризбејн имав мал проблем со мускулот кој како што знаете ме загрижи. Кога стигнав во Мелбурн имав можност да направам МРИ и микро исеченица на мускулот, а не истиот дел каде имав повреда и тоа е добра вест. Во моментов не сум подготвен да се натпреварувам на највисоко ниво во натпревари во три сета. Летам назад во Шпанија за да се лекувам и да се одморам“, напиша Надал на социјалните мрежи и дополни.
„Работев напорно во текот на годината за овој камбек и како што отсекогаш спомнував мојата цел е да бидам најдобар за три месеци. Во оваа тажна вест за мене што не можам да играм пред неверојатната публика во Мелбурн, ова и не е толку лоша вест и сите остануваме позитивни за еволуцијата на оваа сезона. Навистина сакав да играм овде во Австралија и имав можност да одиграм неколку натпревари кои ме направија среќен и позитивен. Ви благодарам на сите за вашето поддршка и се гледаме наскоро“.