Top Sport

Надал се откажа од турнирот во Мајами

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се повлече од мастерс турнирот во Мајами. Овој турнир на програмата е за две недели.

Се претпоставува дека причината за ваквата одлука не е некаква повреда, туку желбата на Надал да добие повеќе време за да ги спроведе подготовките за сезоната на земјана подлога.

Надал оваа недела ќе учествува на мастерсот во Индијан Велс. Во првото коло е слободен, а во второто ќе игра против Себастијан Корда.

Шпанецот, во Индијан Велс ќе се обиде да ја освои својата 37. мастерс титула, колку што има и рекордерот Новак Ѓоковиќ.

Scroll to Top