Top Sport

Два гола на Мората, Јувентус победи на „Мараси“

Јувентус победи на „Мараси“ кај Сампдорија со 3.1 и се вклучи во борбата за шампионската титула. „Старата дама“ со натпревар повеќе има четири бода помалку од лидерот Милан.

Јувентус не блескаше на „Мараси“, но знаеше да ги искористи своите шанси. Јоѓида со авто-гол го отвори натпреварот, а Мората со гол од пенал, му обезбеди на својот тим мирно второ полувреме.

Во вториот дел, Кандрева не реализираше пенал во 74.минута. Неколку минути подоцна Сабири намали на 1:2.

Јувентус сепак не и дозволи на Сампдорија да се врати во мечот, Мората на две минути до крајот го постави конечниот резултат.

Scroll to Top