Top Sport

Надал се пласира во осмина-финалето на Ју-Ес опен

Рафаел Надал без проблеми се пласираше во осмина-финалето на Ју-Ес опен. Вториот носител во три сета 6/3, 6/4, 6/2 го победи Хјуоен Чунг од Јужна Кореја.

Шпанецот како апсолутен фаворит влезе во овој меч и таа улога ја оправда на теренот. Особено импресивно делуваше во вториот сет кога му дозволи на противникот да освои само два гема.
Во меч кој траеше нешто повеќе од два часа, Чунг пружи добар отпор, а Шпанецот во секој од сетовите направи најмалку по еден брејк.

Во наредната рунда Надал за противник ќе го има победникот од дуелот помеѓу Џон Изнер и Марин Чилиќ.

Scroll to Top