Top Sport

Муслиу со гол на дебито за МОЛ

Фудбалскиот репрезентативец, Висар Муслиу на дебито за неговиот нов тим, МОЛ Види во Унгарија се запиша во листата на стрелците.

Екс-играчот на Вардар и Шкендија, погоди по прекин, со удар со глава, за 1-0 во првото полувреме за својот тим, во победата од 3-0 против Кисварда.

Миланов и Хаџиќ со два гола ја потврдија победата.

Во тимот на МОЛ, освен Муслиу, сите 90 минути ги одигра уште еден македонски репрезентативец, Бобан Николов.

МОЛ Види е лидер во шампионатот на Унгарија со 5 победи по исто толку натпревари.

Scroll to Top