Рафаел Надал нема да игра на турнирот во Торонто. Шпанецот пристигна во Канада, но се повлече пред почетокот на турнирот.
„Навистина сакав да играм овде, за жал морав да донесам ваква одлука. Имав проблеми изминатите месеци. Откажувањето не е добро за мене, овде имав многу успеси во изминатите години“, соопшти 35-годишниот Надал.
Шпанецот има проблеми со стапалото. Поради повредата испадна во третото коло на АТп турнирот во Вашингтон.