Вториот светски рекет, Рафаел Надал, се повлече од натпреварувањето во Абу Даби. Тој од 14 часот требаше да игра во мечот за третото место против рускиот тенисер Карен Хачанов. Бидејќи Шпанецот се повлече од турнирот противник на Хачанов ќе му биде Австриецот Доминик Тим.
„Кога сте биле долго отсутни и кога сте имале операција нормално е да чувствувате болки. Искрено задоволен сум како играв против Кевин Андерсон“, рекол Надал.
Шпанецот се повлекол од претпазливост бидејќи се работи за егзибициски турнир.
„Че одморам неколку дена. Сезоната допрва ќе започне. Целта на мојот настап беше да видам во каква состојба сум. Не сум сигурен дека ќе бидам целосно подготвен за стартот на сезоната. За мене ова е чекор напред, тоа е сега најважно со оглед на повредата што ја имав“, дополнил Надал.