Top Sport

Надал се врати на челната позиција на АТП листата

Шпанецот Рафаел Надал по точно една година и шест дена се врати на првата позиција на АТП листата. Првата позиција Надал ја презеде од Новак Ѓоковиќ.

33 годишниот Шпанец на првото место има 9.585 бода, односно 640 повеќе од Ѓоковиќ на кого ниту титулата на Мастерсот во Париз не му беше доволна да го сочува првото место.

Србинот остана без првото место бидејќи АТП, пред почетокот на последниот турнир во сезоната ги избриша бодовите од освоени минатата година во Париз и Лондон. Ѓоковиќ на остана без 1.600 поени, а Надал не изгуби ништо бидејќи лани поради повреда не играше на овие турнири.

Надал ја започна 197 недела на челната позиција на АТП листата. На вечната листа се наоѓа на шестото место.

Зад Надал и Ѓоковиќ се наоѓаат Роџер Федерер (6.190), Данил Медведев (5.705) и Доминик Тим (5.025).

Од шестото до десеттото место се: Стефанос Циципас кој го мина Алкесандар Зверев, односно Матео Беретини, Роберто Баутиста Агут и Гаел Монфилс.

Scroll to Top