Top Sport

Брутален трипл-дабл на Лука Дончиќ (Видео)

Лука Дончиќ најавува спектакуларна сезона во НБА лигата. Младиот Словенец синоќа со брутален трипл-дабл ги предводеше Далас Маверикс до победата над Кливленд Кавалирс 131:111.

Дончиќ мечот го заврши со 29 поени, 14 скока и 15 асистенции. Ова за него е втор трипл-дабл во сезоната, 11 во кариерата.

20 годишникот стана првиот играч по пауза од 35 години кој на два последовни натпревари забележал трипл-дабл со најмлаку 25 поени, 10 скока и 15 асистенции.

Во првите шест натпревари сезонава Дончиќ има просек од 26,2 поени, 9,6 скока и 8,4 асистенции.

Scroll to Top