Top Sport

Надал се врати на првото место, Изнер „скокна“ осум позиции

Рафаел Надал се врати на првото место на АТП листата. Шпанецот, поради повреда не настапи и на Мастерсот во Мајами, ја искористи раната елиминација на Роџер Федерер и ја презеде челната позиција.

Надал, делот од сезоната што се игра на неговата омилена подлога ќе го започне од првата позиција на АТП листата. Во овој дел од сезоната тј ќе ги брани титулите во Монте Карло и Ролан Гарос.

Надал на врвот има 8.770 поени, 100 повеќе од Федерер. Трет на листата е Марин Чилиќ со 4.985 бода, а на чевртото место се искачи финалистот во Мајами Александар Зверев. Германцот го бележи најдобриот ранкинг во кариерата, тој има 4.925 бода. Меѓу најдобрите пет се наоѓа и Григор Димитров.

Во Топ 10 се уште и Хуан Мартин дел Потро, Доминик Тим, Кевин Андерсон, Џон Изнер и Давид Гофан.

Изнер забележа најголем скок на листата. Американецот по освоената титула во Мајами напредуваше за осум места.

Scroll to Top