Четирикратниот шампион од САД опен, Рафаел Надал реши да се врати дома во Шпанија на консултации со лекарите откако претходно се повлече од Мастерс турнирите во Торонто и Синсинати и останува неизвесно дали ќе настапи на последниот гренд слем од сезоната во Њујорк.
Светскиот рекет број 4 се мачи со повреда на левото стапало од Ролан Гарос, поради што ги пропушти Вимблдон и Олимписките игри. Минатата недела тој имаше краток камбек на тереите во Вашингтон, и сега треба да одлучи дали да ризикува и да игра на САД опен, или да ја продолжи паузата.
Покрај 35-годишниот Надал, големите турнири во Америка, како Торонто и Синсинати останаа и без Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ. Инаку, тројцата освојувачи на 20 гренд слем титули, токму во Њујорк треба да ја продолжат битката за тоа кој ќе стигне до рекордниот 21. гренд слем.