Првиот носител на Австралија опен Рафаел Надал со максимална победа избори пласман во третото коло. За разлика од Шпанецот Карен Хачанов и Стен Вавринка во пет сета се пласираа во третото коло, додека Кевин Андерсон во драматичен меч испадна од Тејлор Фриц.
Надал го победи Федерико Делбонис за два часа и 32 минути со 6/3, 7/6, 6/1. Аргентинецот успеа на фаворизираниот тенисер да му пружи отпор само во вториот сет.
Во наредното коло Надал ќе игра против сонародникот Пабло Карењо-Буста.
Вавринка се мачеше против Андреа Сепи, но успеа да го добие Италијанецот во пет сета 4/6, 7/5, 6/3, 3/6, 6/4. Швајцарецот во наредното коло ќе игра против Џон Иснер.
Пет сета одигра и Хачанов против Микаел Имер од Шведска. Русинот два пати имаше предност во сетови (1:0 и 2:1), но победата ја обезбеди дури во супер тај-брејкот со 10:0.
Мечот заврши со победа на Хачанов 6/2, 2/6, 6/4, 3/6, 7/6.
Тејлор Фриц (34 на АТП листата) со голем пресврт успеа да го елиминира Кевин Андерсон. Јужноафриканецот имаше предност од 2:0, меѓутоа Американецот по три часа и 23 минути успеа да направи пресврт и да забележи победа.