Во полу-финалето на АТП турнирот од серијата 500, во Акапулко, ќе играат Рафаел Надал и Григор Димитров, односно Џон Изнер и Тејлор Фриц.
Надал го победи Кореецот Сонво Квон со 6/3, 6/1. Резултатот сугерира дека Надал запишал лесна победа, меѓутоа статистика покажува дека Квон пружил голем отпор бидејќи не успеал да искористи осум топки за брејк. За разлика од Квон, Надал искористил четири од шестте брејк топки.
Шпанецот два пати победил во Акапулко (2205 и 2013), а во 2017 во финалето бил поразен од Сем Квери.
За пласман во финалето ќе се бори со Григор Димитров. Бугаринот за 90 минути игра со 6/4, 6/4 го совлада Стен Вавринка. Димитров во 2014 година победил во Акапулко.
Тејлор Фиц во меч со осум брејкови успеа да го победи Британецот Кајл Едмунд со 6/4, 6/3.
Во полу-финалето го чека сонародникот Џон Изнер.
Изнер во неизвесен меч, по два часа и три сета успеа да слави во дуелот со Томи Пол (7/6, 3/6, 6/2).