Откако Ју-Ес опен заврши за Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер најголем и според многумина единствен кандидат за титулата е Рафаел Надал. Шпанецот денес во четврт-финалето ќе игра против Аргентинецот Диего Шварцман кој во претходната рунда го победи Александар Зверев.
Надал не го гледал дуелот помеѓу Ѓоковиќ и Стен Вавринка, не го видел ниту момент кога српскиот тенисер го предал мечот и кога со концерт на свирежи бил испратен од „Артир Еш“ најголемиот стадион за тенис во светот.
Шпанецот слушнал и читал каква била реакцијата на публиката и како што вели бил изнервиран од таквиот однос.
„Тоа е срамота, секако дека не го заслужил тоа, тој е голем играч, доколку решил да го предаде мечот тоа е поради тоа што повеќе не можел да издржи. Секако дека се борел онолку колку што можел. Прво ова беше голема шанса за него по Вимблдон да освои уште една голема титула, а како второ ова е негова омилена подлога“, рекол Надал и дополнил.
„Него пораз на ‘Артур Еш’ повеќе го боли од било кој друг“, рекол Шпанецот алудирајќи на резултатите што Ѓоковиќ ги остварувал во Њујорк.
Србинот има три титули во Њујорк, но таму има и најмногу загубени финалиња на гренд-слем турнирите. Од 2007 година досега Ѓоковиќ пет пати бил поразен во финалните мечеви на Ју-Ес опен.