Top Sport

Надал: Треба да бидам поагресивен

Рафаел Надал, првиот светски рекет, рекол дека е задоволен што се пласирал во четврт-финалето на Флешинг Медоуз и дополнил дека ќе мора да го одигра својот најдобар меч на турнирот доколку сака да го победи наредиот противник Домик Тим.

Бранителот на трофејот, во осмина-финалето, го победи Грузиецот Николоз Басилашвили со 6:3, 6:3, 6:7, 6:4.

„Не чувствувам никаков притисок, само играм. Сум бил многу пати во ваква позиција во текот на кариерата. Секогаше е најважно како играте. Влегов во втората недела, тоа е она што е важно. Оваа сезона успеав да играм најмалку четврт-финале на сите Гренд слем турнири. Тоа не сум го направил од 2011 година. Сега е моментот кога треба да почнам да играм поагресивно“, рекол Надал.

Негов противник во четврт-финалето ќе биде талентираниот Австриец, Тим.

„Доминик е фантастичен играч. Секогаш сме имале коректни односи. Заслужи да игра четврт-финале. Знае како да игра и потребно е да го одиграм најдобриот меч доколку сакам да останам на турнирот“, завршил Шпанецот.

Scroll to Top