Top Sport

Надал удри по антиваксерите: Себични се!

Еден од најдобрите во историјата на тенисот – Рафаел Надал нема дилема дека треба да се прими вакцина против коронавирусот.

„Уморни сме од оваа ситуација. Ова се тешки години, многумина ги загубија најдрагите. Моравме да направиме чекор напред за да им помогнеме на луѓето. Разбирам дека има луѓе кои не сакаат да се вакцинираат, но за мене тоа е себично. Многу патевме“ рече Рафаел Надал.

Во Шпанија во моментов има напредок кога Ковид 19 е во прашање, а Надал смета дека големиот број вакцинирани е причината за тоа.

„Се уште не знаеме со сигурност каков е ефектот на вакцината, но мораме да им веруваме на докторите. Се чини дека Шпанија сега е земјата која е најмалку погодена од пандемијата“ заклучи тој.

Во последните 6 месеци Рафа одигра само на еден турнир.

Scroll to Top