Top Sport

Надал: Видете каде сме јас и Роџер, а каде е Новак!

Без сомнение 21 век во светот на тенисот го одбележа „големата тројка“ – Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер. Сите имаат по 20 грен слем титули.

Го нема „Бикот од Мајорка“ од август годинава поради повреда на стапалото, па признава дека најмногу шанси да дојде до рекорден број грен слемови му се даваат на Новак Ѓоковиќ.

„Моментно во најдобра позиција е во трката по број на грен слемови. Видете каде сме јас и Роџер, а каде е Новак, тој и понатаму се натпреварува во голема форма. Тоа е реалноста“ вели Надал.

Нема сомнеж дека Шпанецот би сакал да се врати на Ролан Гарос, затоа што во Париз освои 13 грен слем титули.

„Ќе видиме што ќе се случува наредните неколку месеци. Моментно ако може да се каже дека постои јасен фаворит, тоа е Новак“ заклучи Надал.

Шпанецот од 16. до 18. овој месец ќе биде прва ѕвезда на егзибицијата во Абу Даби.

Scroll to Top