Шпанскиот тенисер, Рафаел Надал во последен момент реши да го пропушти мастерсот во Париз поради болки во абдоменот.
„Лекарите ме советуваа да не играм“ – изјави Надал на прес-конференција во Париз.
По ова отворен е патот на Србинот Новак Ѓоковиќ да се врати на тронот на АТП ранг листата.
Ѓоковиќ во моментов има 7.535 бода, а Надал на следната АТП листа ќе остане со 7.490 бода. Ѓоковиќ најдобро рангиран тенисер на светот последно беше пред точно две години.
Сезоната на АТП турот годинава завршува со мастерсот во Лондон, од 11 до 18 ноември.