Рафаел Надал по 12-ти пат го освои Барселона опен, откако во супер-драматичен меч со 6:4/6:7(8)/7:5 беше подобар од грчкиот ас Стефанос Циципас, спасувајќи меч-топка во борбата од 3 часа и 38 минути.
Надал, „кралот“ на земја, лесно го освои првиот сет, по што имаше шанси да го комплетира мечот во два сета, кога водеше со 5:4 и со 40:15, но пропушти две меч-топки, по што следуваше неверојатна битка од основната линија, по што во третиот сет мораше да спасува меч-топка за фантастична победа.
فرحة رافائيل نادال بالفوز باللقب 12 له في مسيرته في بطولة برشلونة ?pic.twitter.com/wXNP2dtCrf
— Nadal Kooora (@NadalKooora) April 25, 2021
Во Белград пак, на Србија опен, Италијанецот Матео Беретини стигна до својата четврта АТП титула, откако во слично драматичен меч со 6:1/3:6/7:6(0) го совлада Русинот Аслан Карацев, кој вчера сензационално го елиминираше светскиот број 1 Новак Ѓоковиќ.
Вториот носител во Белград лесно го освои првиот сет со два брејка за помалку од половина час, но Карацев направи брз брејк и експресно го зеде вториот сет, по што следуваше остра битка во последниот сет, во кој во првите 12 гема немаше шанси за брејк топка. Беретини имаше 6:5 водство, но Карацев успеа да се спаси, пред во тај-брејкот да не стигне до ниту еден поен.