Рафаел Надал се пласираше во четврт-финалето на Вимблдон откако не се соочи со ниту еден брејк-поен и го „здроби“ Португалецот Жоао Соуса со 6:2/6:2/6:2 за само час и 46 минути игра, покажувајќи дека е подготвен за големи работи на гренд слемот на трева.
Во уште еден фуриозен меч, Надал покажа дека победата на Ролан Гарос не значи дека се фокусирал само на сезоната на земја оваа сезона, доминирајќи од почетокот до крајот за да обезбеди дуел против подобриот од американскиот дуел помеѓу Сем Квереј и Тенис Сандгрен.
„Мислам дека ова беше солиден меч. Сервисот можеби не ми беше толку ефикасен како претходните две кола, но има многу позитивни работи, менувањето на ритамот, слајс ударите. Задоволен сум од мојата форма и од тоа како издржува телото, а две победи во три сета беа навистина солидни. Минатата година беше прекрасно со пласман во полуфиналето, а сега очекувам да биде уште подобро“, вели Надал.
“WOW!”
Entertainment of the highest order, courtesy of @RafaelNadal and @joaosousa30 ?#Wimbledon pic.twitter.com/J7vds39L4X
— Wimbledon (@Wimbledon) July 8, 2019