Top Sport

Надал закажа „состанок“ со Вавринка во Мадрид

Рафаел Надал последен се пласираше во четврт-финалето на Мастерсот во Мадрид, откако со 6:3/6:4 го совлада младиот Американец Френсис Тиафоу во вечерниот меч во „Каха магика“ за да закаже пресметка со поранешниот шампион од Ролан Гарос, Стен Вавринка.

Покрај овој дуел, во Мадрид, на еден од последните подготвителни турнири пред Франција опен ќе се судрат и Новак Ѓоковиќ-Марин Чилиќ, Роџер Федерер-Доминик Тим и Стефанос Циципас-Александер Зверев.

Против Тиафоу, еден од „нест џен“ генерацијата на млади тенисери, Надал одигра солидно, оставајќи го противникот да прави грешки и сега има 22-2 скор против тенисерките од „некст џен“. Надал исто така има и совршен 15-0 скор против американски тенисери на земјена подлога.

Scroll to Top