Top Sport

Најчудниот ММА меч овој викенд – Жената-Хулк против 50 килограми послаб маж

Со растот на популарноста на ММА борбите, се зголемија бизарните мечеви на понуда, а тој саботниот меѓу Габи Гарсија (жената со прекар „Жена-Хулк“) и борачот Крег Џонс е можеби најчудниот.

Гарсија е осумкратна светска шампионка во џиу-џицу, која има шест ММА победи во шест меча во јапонската РИЗИН федерација, додека Џонс, исто така специјалист за џиу-џицу е познат по своите необични квалитети на борење. Гарсија, инаку има разлика од 50 килограми во однос на својот машки противник, кој вети дека ќе се пензионира ако загуби.

„Во недела во Лос Анџелес, против Габи Гарсија. Без лимит! 100 отсто. Ако не оди добро за мене, ќе се пензионирам. Не е шега“, вели Џонс.

Scroll to Top