Членовите на СЛ клубот со своите типувања регистрирани на СЛ клуб картичката ќе се натпреваруваат сè до 30 мај, по што ќе се комплетира листата на финалистите кои ќе се натпреваруваат од 10 до 30 јуни, за главната награда – автомобил Peugeot 308. Во финалето влегуваат, најдобро рангираните типувачи-победници од месеците во пролетната етапа на купот.
„Типстер купот секоја година обезбедува вредни награди за играчите, членови на СЛ клубот. Оваа сезона, предвидовме 2 главни награди за купот. Доделивме еден автомобил во првата есенска етапа, и тоа на играч од Кочани, а вториот добитник го очекуваме по одигрувањето на второто финале во јуни оваа година. Очекуваме успешен крај на Типстер Купот, со многу наградени играчи, а најдобриот да го израдуваме со нов автомобил” – истакнуваат од „Спорт Лајф“.
Типстер Куп е дел од програмата за лојалност и рангирање на редовните играчи на „СпортЛајф“. Со своите веќе уплатени тикети, сеедно дали се погодени или не, играчите, т.е. членовите во „Спорт Лајф“ клубот се натпреваруваат и рангираат според тоа кој е поуспешен во типувањето.