Top Sport

Најголем данок ќе плаќаат играчите на игри на среќа

Даночните измени на „праведниот“ данок најмногу ќе ги „закачат“ играчите на игри на среќа кои од јануари на секоја добивка  ќе плаќаат 5% повеќе данок и наместо моменталните 10 ќе плаќаат 15% проценти персонален данок.

Во земјава според истражувањата кои се направени, со ова ќе бидат погодени околу 600.000 лица, а само за споредба годишно досега од оваа дејност државата прибираше околу 30 милиони евра само од тој данок, па веројатно очекувањата се дека на овој начин ќе се приберат дополнителни 15 милиони директно од џебот на играчите.

Колку е „праведен“ данокот покажува и фактот што истиот е тешко применлив кај казината па може играчите од една „полузабавна“ дејност да ги поттурне кон класично коцкање.

Инаку луѓето секогаш пронаоѓаат алтернативи па така и за оваа мерка алтернатива постои. На многу Интернет сајтови последните година – две се појавуваат банери на сајтови за онлајн обложување кои се целосно на македонски јазик. Системот е целосно осмислен и на него уплаќате со кредитна картичка, финансиски провајдери (skrill, netteler и слично) или банкарска дознака. Добивате разни поволности, препораки за одбирање на коефициенти и целосна редовна коресподенција на македонски јазик. Знаете ли доколку играчот добие, колку данок плаќа на државата?

Нула денари!!!

Знаете колку државата прибира даноци од овие странски сајтови?

Нула денари!!!

Како е тоа можно?

Едноставно, затоа што онлајн обложувањето на странски сајтови во Република Македонија е забрането и нелегално, но никој не го санкционира!

Scroll to Top