Top Sport

„Најк“ им раскина договори на повеќе тенисери, вклучувајќи го и светскиот рекет број 8 Рубљов

Американскиот тенисер, Рејли Опелка, е зачуден од одлуката на „Најк“ да му го раскине договорот на светсиот рекет број 8, Русинот Андреј Рубљов, најавувајќи нова политика кон спонзорирањето на тенисерите.

Според порталот „Тенис“, американскиот гигант за производство на спортска опрема ги поништил договорите на Американката Слоун Стивенс, Украинката Марта Костјук, Чехинката Маркета Вондроушова, Хрватката Дона Векиќ и Рубљов. Според нивните информации ова е поради тоа што тие не успеале да ги исполнат условите за перформанси, меѓу кои се освојување на турнири и кревање на рејтингот, исто така посочувајќи дека „Најк“ не заработува ништо од тенисерите и тенисерките кои се надвор од топ 20.

Ако ова има логика за Стивенс, Костјук, Вондроушова и Векиќ, кои не можат да се пофалат со успеси, Рубљов е постојано во топ 10 и има освоено турнири секоја година од неговата криера.

„Рубљов е во топ 8 на светот… Исто така игра секоја недела“, напиша Опелка.

Scroll to Top