Top Sport

По расистичките извици кон Умтити од навивачите на Лацио, Матуиди бара акција од Серија А

Поранешниот фудбалер на Јувентус, Блез Матуиди им порача на луѓето во Серија А „да направат нешто“ за да ги спречат расистичките испади на трибините, отако вчера навивачите на Лацио на гостувањето кај Лече јасно расистички ги навредува Самуел Умтити и Ламек Банда.

Поранешниот фудбалер на Барса, Умтити, си замина од теренот во солзи и покрај тоа што неговиот тим се врати за 2:1 победа над Лацио и Матуиди му даде поддршка на социјалните мрежи.

„Целосна поддршка до мојот брат Самуел Умитити. Треба да се разбудиме! Веќе сме 2023. Серија А, направете нешто“, напиша Матуиди, кој играше во Серија А од 2017 до 2020 и беше мета на расистички песни од трибините во 2018 година на гостувањето на Јувентус кај Каљари.

Лацио со официјално соопштение го осудија инцидентот.

„Судијата беше приморан накратко да го прекине мечот Лече-Лацио поради расистички навреди кон играч на домашниот тим. Лацио секогаш ги користел сите можни алатки против расизмот и дискриминацијата. Ги осудуваме тие со заостанати, срамни и ужасни гестови и секогаш ќе соработуваме со властите за нивно идентификување. Навивачите на Лацио не се расисти и не се идентификуваат со тие личности кои само го нарушуваат имиџот на клубот“, се вели во објавата на Лацио.

Scroll to Top