Една од атракциите на Олимписките игри во Париз е Вивиен Робинсон (60) од САД, попозната како „The Olympic Super Fan“. Вивиен ќе ги следи своите седми Олимписки игри.
Љубовта кон најголемиот спортски настан во светот ја наследила од нејзината мајка, која била волонтер на Игрите во Лос Анџелес во 1984 година.
Како љубител на Олимписките игри, Вивиен прошета низ Париз во облека покриена со знамињата на сите земји кои беа домаќини на Олимписките игри.
Меѓу нив е и југословенското знаме, во знак на сеќавање на Зимските олимписки игри одржани во Сараево во 1984 година.
Вивиен долги години собира беџови од сите олимписки настани, а сега во Париз пристигна во најубавото навивачко издание за да ги следи Игрите во живо.
Foto/ Cropix