Top Sport

Најуспешниот австриски олимпиец вели дека се срами од својата земја

Феликс Готвалд, трикратниот светски и олимписки шампион во нордиско скијање, се повлече од политичката позиција во министерството за спорт на Австрија поради „дискриминаторните постапки“ околу „локдаунот“ во оваа земја, кој важи само за невакцинираните.

Од денеска, околу 2 милиони невакцинирани Австријци се под 10-дневна мерка за ограничување на движењето и  можат да го напуштат домот само за работа и за купување на храна, а полицијата доделува казни од 500 до 1.450 евра за сите кои го прекршуваат протоколот.

„Овој чекор не го направивме лесно, но за жал беше неопходен“, изјави канцеларот Александер Шаленберг.

Готвалд, кој се натпреваруваше од 1994 до 2007 година, во отворено писмо се откажува позицијата за претседател за популарен спорт, обвинувајќи ја владата за „поделба, агитација и дискриминација“.

„По девет месеци на мојата функија, можам да забележам многу работи во нашата земја кои за жал не се за доброто на здравјето на Австријците и тие кои живеат во Австрија. Засрамен сум од мојата земја и како Австриец лут и шокиран“, пишува Готвалд.

Scroll to Top