Спортистите од Русија кои на ќе освојат златен медал на Олимписките игри во Токио, наместо химната ќе слушаат музика на Петар Чајковски. Поради казната на Светската анти-допинг агенција (ВАДА), на руските спортисти им е забрането да ја користат химната и знамето.
Олимпискиот комитет на Русија, предложил на спортистите да им се пушта „Каќуша“. Овој предлог бил одбиен од Судот за спортска арбитража, со образложение дека „Каќуша“ асоцира на Русија, што не е според правилата.
Поради тоа, Станислав Поздњаков, претседателот на Олимпискиот комитет на Русија, предложи наместо химната да се емитува „Концертот за клавир број 1“, на Чајковски.
Предлогот бил прифатен бидејќи делата на Чајковски му припаѓаат на целиот свет.