Top Sport

Наталија Кузјутина – џудистката која го „собори“ Владимир Путин! (видео+галерија)

Олимписката џудистка Наталија Кузјутина стана славна во Русија како жената која го „собори“ рускиот претседател, Владимир Путин.

Во четвртокот Путин „паузираше“ од самитот за Сирија за да се посвети на својот омилен спорт џудото во „Југ спорт“ центарот во Сочи, каде што тренираа и иранските и турските џудисти.

66-годишниот Путин доби мала повреда при спаринг со олимпискиот шампион, 32-годишниот Беслан Мудранов, но уште повеќе внимание предизвика сесијата со 29-годишната освојувачка на бронзен медал, Наталија Кузјутина, во која имаше фрлање на душекот, и тоа беше доволно во руските медиуми таа да биде наречена „жената која го собори Путин“.

Кузјутина му се заблагодари на Путин за времето.

„Му благодариме на претседателот Путин, по толку напорни разговори на самитот, што најде време за квалитетна тренинг сесија. Беше задоволство да се има спаринг со еден од најдобрите џудисти во Русија“, напиша Кузјутина на Инстаграм.

Кузјутина е родена во Бријанск, во близината на руската граница со Белорусија и Украина и се подготвува за Олимпијадата во Токио. Таа е четирикратна европска шампионка во категоријата до 52 килограми, а има три освоени бронзи на СП во 2010, 2014 и 2017.

 

View this post on Instagram

 

Друзья, хотелось бы поделиться с вами видео вчерашней встречи с Президентом России! Несмотря на напряженный рабочий день, Владимир Владимирович не отказался от своих планов и провёл с нами активную тренировку, своим примером показав, что спорт это неотъемлемая часть жизни любого человека в любом возрасте! Спасибо за оказанную нам честь, тренироваться с Президентом – это высшая награда для нас! #numberone #prezidentputin #нашпрезидент #judorussianteam #мотивация #занимайтесьспортом

A post shared by Кузютина Наталья (@kuzyutina89) on

Scroll to Top