Ватерполо натпреварот меѓу Војводина и Црвена звезда во Нови Сад беше прекинат на две секунди пред крајот на мечот при 7:7 откако еден навивач на домашниот тим го фрли судијата во базенот.
Мечот имаше големо значење за пласман во првата Јадранска лига, а Звезда израмни преку Вељко Танкосиќ на две секунди пред крајот во ситуација со играч повеќе, по што навивачот ги загуби нервите и го фрли хрватскиот судија Матиевиќ во базен, кој потоа го прекина мечот.
Мечот најверојатно ќе биде регистриран со службена победа на Црвена звезда.