Марселос Вајлдер, помладиот брат на ВБЦ шампионот во тешка категорија, Дионтеј Вајлдер за разлика од неговиот брат не излезе како победник во пред-мечот на Вајлдер-Ортиз, добивајќи брутален нокаут во четвртата рунда од мечот со Дастин Лонг.
30-годишниот Марселос, кој е четири години помлад од Дионтеј, го доживеа вториот пораз во седум професионални мечеви во крузер категорија, докажувајќи дека крвта не е многу важна кога се работи за боксот.
Марселос ја почна својата кариера во мај 2018 година, но работите очигледно не одат како што треба и тешко дека тој ќе ги доживее успесите на својот брат.
Marsellos Wilder, brother of Deontay has been knocked out on the undercard of tonight’s huge event! ?#wildervsortiz2
— BETFRED (@Betfred) November 24, 2019
Еден „пеколен“ удар за титула – Вајлдер со брутален нокаут над Ортиз (видео)